-->
-->
Многу добри совети кои навистина функционираат за да ги намалите килограмите
-->
Што се однесува до здравјето и слабеењето, на Интернет и во бројни книги за здрава исхрана можат да се пронајдат многу добри совети, но и совети кои не функционираат.
Денеска Ви претставуваме неколку совети кои навистина се делотворни и даваат ефекти кои ги посакувате. Еве што треба да направите доколку сакате да го добиете телото од соништата:
Едно од најважните правила е зголемениот внес на протеини. Многумина сметаат дека овој совет се однесува само на оние кои редовно тренираат, но тоа не е точно. Внесот на протеини е важен за сите, бидејќи протеините ги хранат мускулите и се од најголема корист за истите.
Кога водите сметка за исхраната, треба да вклучите и физичка активност, која ќе биде во согласност со Вашите потреби и цели. Не мора секогаш да се форсирате со тренирање, но за добивање на оптимални резултати, гледајте да ги усогласите прехрамбените навики со вежбањето.
Една од важните правила е и спиењето. Квалитетниот сон помага во одржување на здрав метаболизам и здрав дигестивен систем, како и враќање на потрошената енергија во текот на денот. Затоа, најважно е да си обезбедите 6 до 8 часа сон дневно.
Кога сакате да ги истопите масните наслаги, внесувајте масти, но оние вистинските. Мастите кои се добри за организмот најчесто се наоѓаат во јаткастите плодови, како што се на пример бадемите, ореви и лешниците. Исто така, внесувајте маслиново и кокосово масло, кои се одлични за намалување на лошиот холестерол во крвта.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Гостиварец собрал 760 евра за лекување, со измама му ги земале парите
-
Крвава драма во Тетово: Еден прободен
-
Убиена дива свиња пронајдена во багажник, кривична за две лица
-
Мицкоски: Не можеме повеќе да прифаќаме ултиматуми
-
АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело
-
Тешко повреден мотоциклист во сообраќајна несреќа
-
Таравари: За приватните специјализанти ќе постапиме според интересот на болниците, над 10 доктори во Штип
-
Повеќе од 130 светски лидери следната недела на Генералното собрание на ОН