ММФ: Уделот на сивата економија во Македонија изнесува 37,6 отсто
![]()
Уделот на сивата економија во севкупниот економски сектор на Македонија изнесува 37,6 проценти, покажуваат податоците на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).
Според овој податок, земјава е на четвртото место во регионот на Југоисточна Европа, зад Косово со 38,8 отсто учество на сивата економија, Црна Гора со 38,2 проценти и Бугарија со 37,8 отсто.
По Македонија следуваат Хрватска со 35 проценти учество на сивата економија, Романија (34,8 отсто), Србија и Босна и Херцеговина (по 34,5 проценти), Грција (30,2 отсто). Турција (29,6 проценти) и Албанија (28,3 отсто).
Три водечки земји во Европа со најмало учество на сивата вкупната економија се Австрија со 9,4 проценти, Луксембург со 9,7 и Швајцарија со 9,8 отсто.
Во анализата на ММФ се посочува дека процентот на сивата економија, мерен во однос на бруто домашниот производ, бележи пад во сите региони во светот, при што се нагласува дека сепак овој неформален дел на економски активности кој е надвор од регулираната економија и даночниот систем, тешко може точно да се измери.
– Лицата и компаниите вклучени во неформалната економија обично работат во мал обем. Ова значи дека нема официјална статистика за неформалната или сивата економија, како што понекогаш се нарекува, така што економистите треба сами да ја проценат нејзината големина. Некои вообичаени техники вклучуваат истражувања или индиректни индикатори, како што е побарувачката на странски валути, се додава во анализата.
Ново на Сител
-

Едно лице измамено во Делчево, штипјанец набавил од него 2.580 тони сливи и не му платил
-

Премиерот Мицкоски најавува три нови инвестиции оваа есен
-

50-годишен тетовец ја тепал ќерка му и рекол дека ќе ги запали ако викнат полиција
-

Вардар во финалето против Охрид на ракометниот турнир Струга 2026
-

Мицкоски: За скопската вода опозицијата проба да создаде хистерија, за гостиварската Владата не е одговорна, напротив – таа помогна
-

Нетанјаху ја нарече Велика Британија „исламска република“, Лондон протестира
-

Автобус полн со српски туристи излетал од патот во Бугарија
-

Уапсен дилер на дрога од Бучим, при преглед на возило пронајдени 14.440 евра
