ММФ предвидува раст на БДП од 1,6 отсто за годинава
- Економскиот раст на Македонија годинава ќе биде 1,6 проценти, предвидува Меѓународниот монетарен фонд во есенскиот извештај „Перспективите на светската економија“.
Претходнодната проценка на ММФ за растот на македонската економија беше 2,8 отсто.
ММФ за наредната година прогнозира дека БДП на Македонија ќе порасне за 2,6 проценти, а до 2023 година годишен раст од 3,4 отсто.
Од земјите во регионот годинава највисок раст ќе имаат Албанија, Србија и Косово четири отсто, Црна Гора 3,7 отсто, Бугарија 3,6, БиХ 3,2 отсто и Хрватска 2,8 проценти.
ММФ во есенскиот извештај ја намали проценката за глобалниот раст за 2018 и 2019 година.
Светската економија и оваа и наредната година ќе порасне за 3,7 проценти, наместо претходно предвидентие 3,9 проценти
Ново на Сител
-
ГП Богородица: Колони за излез од Македонија
-
Мисајловски НАТО - Брисел
-
Наумоски - поголема заштита на рибниот фонд
-
Преглед на вестите од светот
-
Рекорден пад на невработеноста, но расте и бројот на вработени на црно
-
Тема на денот со Павле Трајанов, лидер на Демократскиот сојуз
-
Тројка надеж – во Клиниката Жан Митрев на свет донесени три предвремено родени бебиња во 31 гестациска недела
-
Одобрено е обвинението за случајот „Онкологија“, судењето дополнително ќе биде закажано