ММФ начелно одобри кредит од 1,6 милијарди евра за Грција
Советот на директори на ММФ постигна принципиелна согласност на Грција да и се даде правото да користи кредит од 1,6 милијарда евра (1,8 милијарда долари), се наведува во вчера лиферуваното соопштение на Фондот, пренесе ТАСС.
Извршниот директор на Фондот, Кристин Лагард, во текот на јуни го повика Советот на директори да ја одобри последната транша за Грција. Притоа таа тогаш изјави дека грчката Влада постигнала значаен напредок во спроведување на политичките реформи, а покажа и напредок во однос на олеснувањето на должничкиот товар.
Еврогрупата во јуни постигна претходен договор на Грција да и се додели последната транша од макрофинансиската помош, што изнесува 8,5 милијарди евра.
Шефот на Европскиот стабилизациски механизам, Клаус Реглинг, изјави дека Атина на почетокот на јули ќе ја добие првата уплата од 7,7 милијарди евра од новата транша.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости