ММФ ја задржа прогнозата за светскиот економски раст од 3,2 отсто годинава и 3,3 отсто во 2025 година
Светската економија ќе има раст од 3,2 отсто во 2024 година и за 3,3 отсто во 2025 година, се вели објавената јулската светска економска перспектива на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).
Прогнозата е непроменета во однос на претходниот извештај од април.
„Економската активност покажа отпорност на почетокот на годината, поддржана од силната приватна потрошувачка во клучните економии“, рече Жан-Марк Натал, заменик-шеф на Одделот за светски економски студии во Одделот за истражување на ММФ.
Тој предупреди дека глобалниот пад на инфлацијата во светот забавува поради постојаната инфлација во услужниот сектор, се наведува на веб-страницата на ММФ.
„Приоритет за креаторите на политиката е да ја вратат стабилноста на цените и да се справат со наследството од неодамнешните кризи.
Централните банки треба да бидат претпазливи во поглед на прераното ублажувањето на монетарната политика и да останат отворени за дополнително заострување доколку е потребно“, додаде Натал.
Според прогнозата на ММФ, американската економија ќе има раст од 2,6 отсто годинава и 1,9 отсто во 2025 година, додека економскиот раст на еврозоната ќе изнесува 0,9 отсто годинава и 1,5 отсто следната година.
Кинеската економија ќе има раст за пет проценти годинава и ќе забави до 4,5 проценти следната година, според Меѓународниот монетарен фонд.
Ново на Сител
-
Алкалоид осминафиналист во Европскиот куп
-
Во Грузија и вечерва продолжија антивладините протести
-
ФФМ: Одложени натпреварите од 17. коло во ПМФЛ
-
Семејна драма во Штип: Мајка ја нападнала ќерка си
-
Поради снег забрани за тешки товарни возила на патот Кичево - Охрид и кај Плетвар
-
Малолетник од Скопје со нож се заканувал на соученици
-
Прегазен пешак во Битола, итно пренесен на Клиника
-
Одредена мерка притвор за тројцата учесници во инцидентите во Скопје