Македонија
20. November 2018 - 16:24

Млекарите од битолско го фрлаат млекото, трет ден се без струја

Голем број села и населени места во околината на Битола се уште немаат струја откако заради обилните снежни врнежи настанаа проблеми со снабдувањето на електрична енергија. Жабени е едно од селата кои од неделата немаат струја. Особено се жалат сточарите затоа што млекото им се расипало и мора да го фрлаат.

-Кравите нема со што да ги молзиме, млекото го фрламе, и месото од фрижидери ќе го фрли9ме, се јавуваме во ЕВН имало дефекти, што сме ние криви? Социјалното ќе дојде децата ќе ни ги земе нема со што да ги топлиме. Кравоте едвај ги молзиме затоа што рачно ги молзиме. Има 40 крави нема со што да ги хранам, млинот не работи, велат жителите на село Жабени.

Од ЕВН велат дека нивниоте екипи се постојано на терен, но во градот дефектите побрзо се решаваат. Проблем се искинатите проводници во непристапниот терен во потпелистерјето.

-Влажниот снег искина многу проводници, како и  паднатите дрвја кои не ја издржаа тежината искинаа многу проводици на далеководот кој се наоѓа во потпелистерскиот дел. Екипите со моторните санки и зимските моторни возила се движат до секое место каде има прекин во снабдувањето, отежнато е нивното движење и затоа овие населени места се уште се без напојување, како ги санираат така ги ставаат под напон. Екипите не се проблем, никој не сака ваква ситуација, ЕВН се решение, вели Атанас Ковачевски, портпарол на ЕВН.

Ковачевски потенцира дека помагаат и електромонтери од Охрид и Струга со цел побрзо да се отстранат дефектите и секое населено место да добие струја.