Млечна криза и се заканува на Македонија
Млечна криза и се заканува на Македонија. Млеко има се помалку, а нема ни од каде да се увезе. Млекопроизводителите алармираат - состојбата е сериозна. За брзо ќе ни се случи српското сценарио – празни рафтови по маркетите , млеко ќе нема, а тоа што ќе го има – ќе биде по повисока цена.
Сите стравуваат од истата состојба. Мислам дека и кај нас во скоро време ќе дојде истата ситуација како во Србија. Инаку , за цената, нормално е кога има помала понуда,а поголема побарувачка, цените да одат нагоре. Ние се грижиме и веќе им даваме повисока откупна цена на млекопроизводителите, изјави Наташа Бојковска, директор на Бучен Козјак
Од година во година домашното производство опаѓа. Но оваа, падот е драматичен.. Се губи интересот кај младите да се занимаваат со оваа професија, сточната храна е многу поскапена, а трошоците зголемени.
Огромни стада веќе се продадени, а има најава за продажба на уште грла, затоа што млекопроизводотителите се оптеретени со повисоки трошоци, најмногу поради поскапата цена на струјата. Ситуацијата е неизвесна и станува алрмантна, додава Бојковска
Поради недостиг на млеко Србија денеска забрани извоз на млеко , освен за Македонија и Албанија , а ја намали и маржата за трговците. Наместо со 12 отсто, од продажбата на млеко ќе заработуваат максимум 5 %. Во Србија во моментов има и ограничување на цената на млекото. Еден литар во продавниците кај северниот сосед не може да се продава над 129 српски динари или 67 македонски денари.
-
Наташа Мерсовска
Сите содржини од овој новинар