Младите политичари потпишаа Декларација за фер избори
Подмладоците на 25 политички партии денеска потпишаа Декларација за слободни и фер избори во пресрет на локалните избори на 15 октомври.
Младите политичари се заложија за спроведување на фер избори, достаинствена кампања и да се намали говорот на омраза на социјалните мрежи и во секојдневниот живот. Ваква декларација се потпишува трет пат во организација на Институтот за економски стратегии и меѓународни односи – Охрид.
Сите потписници се заложија дека ќе ги почитуваат правилата и принципите од Декларацијата.
Од Институтот велат дека се повеќе млади политичари се јавуваат како кандидати за градоначланици или советнички и токму затоа битно е тие да да се заложат за достоинствена изборна атмосфера и за време на кампањата и на денот на гласање.
За фер и демократски избори без инциденти и говор на омраза претходно се заложија и самите партии преку нивните кандидати за градоначалници. Сепак, предизборен инцидент веќе се случи во Кичево.
-
Катерина Нешкова
Сите содржини од овој новинар
