Mладите од Струмица го обвинуваат Заев дека ветил, но не изградил велосипедска патека
Младите од Куклиш денеска го прашаа градоначалникот на Струмица Зоран Заев каде е ветената велосипедска патека. Тие се револтирани бидејќи проектите кои им ги ветувал останале на хартија, а каде завршиле парите знаел само тој.
Поради неизградената патека за велосипедисти велат се доведуваат во опасност и животите на младите луѓе кои биле приморани да возат по регионалниот пат на кој неретко се случуваат и сообраќајни несреќи.
Исто како и повеќе групи граѓани и граѓански организаци во претходните денови и младите од Куклиш побараа од Заев да си поднесе оставка и да замине од градоначалничката функција.
,, Го прашуваме за еден проект што тој ни го вети, изградба на велосипедската патека од Струмица преку Куклиш па се до Габрово. Каде е велосипедската патека која ни ја ветивте, зошто не излажавте? Каде завршија парите за изградба на патеката? Вознемирени и загрижени од неодговорното и недомакинско работење на самиот Заев денес се собравме и бараме негова неотповиклива оставка и распишување на вонредни градоначалнички избори на есен,,. рече Љубинка Црнгарова – жител на Куклиш
Тие бараат оставка од Заев затоа што сметаат дека Струмица веќе подолго време била без градоначалник. Според нив Зоран Заев само глумел градоначалник, но си терал други агенди и ги трошел нивните пари ,а во општината на виделина немало ништо.
-

Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар
