Македонија
5. November 2016 - 16:00

Младите од Крива Паланка реализираат проект со 12 Европски земји

Центар за младински иницијативи „Цик–Цак“ како претставник од Македонија и младински организации од 12  европски земјиАнглија, Италија, Литванија, Грција, Црна Гора, Албанија, Косово, Бугарија, Полска, Романија, Србија и Турција го имплементираат проектот „Академија за проектен менаџмент“, финансисран од програмата за доживотно учење на Европската унија преку програмата Ерасмус + .
 
Целта на проектот е преку зголемувањето на знаењата и искуството на младите луѓе да ги зголеми капацитетите на организациите за успешно менаџирање на проекти финансирани од Европската унија, особено преку програмата Ерасмус +. 
 
Проектот вклучува шест активности од кои три се тренинг работилнициПрвата беше одржана во Драч, Албанија, а на истата учествуваа тројца претставници од „Цик-Цак“.
 
- На работилниците се изучуваат теоретските и практични делови за изработка на проекти, почнувајки од идентификување на проблемот, преку пишување проектна апликација и аплицирање до Европските фондовисе до имлементацијата на проектните активности, изјави Јорданчо Миневски од „Цик-Цак“, партнер организација во имплементација на проектот.
 
ЦМИ „Цик – Цак“  е единствен претставник од Македонија, а вклучени се младински организации од 12 европски земјиАнглија, Италија, Литванија, Грција, Црна Гора, Албанија, Косово, Бугарија, Полска, Романија, Србија и Турција
 
Проектот опфаќа и два координациони состаноци на кои ќе се договара како успешно да се спроведе проектот, како и организирање на работилници кои сите партнер организации треба да ги спроведат во своите заедници пренесувајки го стекнатото знаење и искуство.
 
Покрај знаењето и вештините кои организациите ќе ги стекнат преку учество во проектот, особено важно е вмрежувањето помеѓу самите организации и воспоставување соработка за заеднички настап во следните европски проекти како и воспоставување на долгорочна соработка. ЦМИ Цик – Цак веќе успеа да воспостави  првична соработка со неколку  организации со кои работи на подготвување на проектни апликации кои би се аплицирале во следниот повик на Ерасмус + програмата кој би требало да биде на почетокот на месец Февруари 2017 година, додаде Миневски.
 
Дополнително договорена е соработка со други организации со кои заеднички би настапувале во други програми под покровителство на Европката Унија. Ианку, „Цик-цак“ е партнер во уште 2 други проектикои имаат активнсоти на меѓународно ниво итоа во Грција, од 23 ноември до 3 декември иво Турција од 13 до 22 декември 2016.
 
Обуките се бесплатни и секој кој сака да се пријави  е добредојден. Пријавувањето како и повеќе информации може да се добијат на официјалната Facebook фан страна на организацијата Цик – Цак или кај членовите, истакна Миневски.
 
Во декември се очекува во организацијата да пристигне американски волонтер преку програмата на Мировен корпус, па според тоа и се очекува интензивирање на активностите