-->
-->
Младите од истокот во акција за помош на Иван Мишевски од село Чифлик
-->
Со цел да му се помогне на 11 годишниот Иван Мишевски од пехчевското село Чифлик младите од Пехчево и Делчево се организираат за собирање на потребните 3000 евра кои му се потребни за операција на десното око која треба да се изврши во Белград.
Сунчица Тодоровска, еден од иницијаторите на акцијата, вели дека покрената е иницијатива за собирање средства, како на социјалните мрежи, така и на местата каде најмногу се движат младите.
– Акцијата за хуманост најпрво ја организиравме на социјалните мрежи каде секој секој можеше да донира во рамки на своите можности. Денес истата продолжи во училиштата и текстилните фабрики за да утре се спроведе со волонтерите од Црвен крст Делчево. Во кафе баровите во Делчево и Пехчево во текот на денешниот и утрешниот ден ќе бидат поставени кутии во кои исто така секој може да учествува со доброволен прилог за 11 годишниот Иван. Акција за помош ќе организираат и волонтерите на Црвен Крст Делчево, рече Тодоровска.
Помошта на семејството Мишевски и тоа како е добредојдена за невработените Даниела и Атанас Мишевски кои освен 11 годишниот Иван ги имаат и ќерката Тамара и најмалиот член во семејството Бојан. Транскациската сметка на која што граѓаните можат да донираат за помош на Иван Мишевски 200002664309662 на име на неговата мајка Даниела Мишева.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Папата го одбележа Светскиот ден на слободата на медиумите, изразувајќи жалење за убиствата на новинари
-

Бројот на загинати во пукањето во турско училиште се зголеми на 10
-

26-годишен возач удрил пешак кој се здобил со сериозни телесни повреди
-

Приведени 11 возачи за безобѕирно управување возило, седуммина возеле без дозвола
-

Николов: Штетите од ниските мајски температури се најголеми кај лозовите и овошните насади покрај реките Црна и Луда Мара
-

За време на фудбалски натпревар на Градскиот стадион во Гостивар, навивач паднал од трибина
-

Приведени три лица, вкупно четири пријави за семејно насилство во последното деноноќие
-

Потопло време со повисоки температури, најавува УХМР

