Македонија
16. August 2019 - 18:56

Младите наместо со разговор проблемите ги решаваат со насилство

Наместо со разговор, младите меѓусебните недоразбирања најчесто ги решаваат со ножеви и тепачки. Во Охрид ова лето речиси и да нема ден без инцидент. Причините се банални, но кавгите  од вербални расправии многу често прераснуваат  во крвави масовна тепачка и кршење по угостителски објекти. Физичките пресметки насилниците како од земјава така и од странство ги предизвикуваат под дејство на алкохол.

Некои од родителите незнаат каде излегуваат нивните малолетни деца во ноќните часови ова го потрврдиле самите тие при родителско полициската патрола, низ градот . Од СВР Охрид велат дека и ова лето превентивно делуваат со повеќе едукативни кампањи но и со зголемено присуство на терен,на припомош имаат и полициски службеници од други градови.

Инаку според  статистичките податоци на полицијата во јули и август во Охрид регистрирани се 31 нарушување на јавниот ред и мир додека во Струга 14, но како што велат има и такви случаеви кои не се пријавени во полициска станица.