Македонија
15. September 2021 - 12:35

Младите на удар на Ковид-19 - само со масовна вакцинација до колективен имунитет

До посакуваниот колективен имунитет може да се дојде само со мотивација за вакцинирање на помладата популација, смета епидемиологот од гевгелискиот центар за јавно здравје Сашко Олумчев. Анализите за август направени на подрачјето што го покрива нивниот центар покажале дека за разлика од лани кога со  вирусот најпогодени беа  повозрасните граѓани, годинава состојбата била обратна, а најголемиот број од позитивни тестови биле кај помладите.

Приближувањето на бројките на вакцинирани со прва доза и ревакцинирани според епидемиологот Олумчев покажува дека процесот е во еден вид на  стагнација. Вели правото на вакцина е личен избор и секој одлучува сам за себе, но смета дека сепак треба да се најдат начини на граѓаните да им се објаснат бенефитите имунизацијата.

Во моментов во општините на југот од државата активни се водат 95 случаи.