Ракомет
21. July 2015 - 17:01

Младите македонски ракометарки заминуваат на ЕП во Шпанија

Женска ракометна селекција на Македонија до 19 години подготвена го очекува настапот на ЕП во Шпанија, од 23 јули до 2 август во валенсија, Шпанија.
 
Задачата за добар резултат ќе биде исклучително тешка бидејќи избраничките Симе Симовски се во силна конкуренција. Тие ќе играа во групата Б, против врсничките од: Литванија (четврток), германија (петок) и Русија (недела).
 
Денеска тие имаа средба со претседателот на РРФМ, Живко Мукаетов кој посакувајќи им среќа, потенцира дека и самиот пласман на ЕП е огромен успех, особено имајќи предвид дека ова е прв пласман на младинската женска репрезентација преку квалификации на ЕП во таа категорија.
 
Директорот на женските репрезентации, Емил Угриновски и селекторот на женската младинска репрезентација, Симе Симовски истакнаа дека подготовките поминале во најдобар ред, и дека имаат на располагање еден квалитетен состав на млади ракометарки кои претставуваат огромна надеж за иднината на македонскиот женски ракомет генерално.