„Младите и мобилноста“ по повод Денот на Европа

Во ЕУ-МК инфоцентарот во Скопје денеска со настан „Младите и мобилноста“ ќе биде одбележан Денот на Европа и 20 години од Европскиот волонтерски сервис.
Настанот го организираат новооснованата Европска мрежа на културни институти - EUNIC Скопје, Британскиот совет, Италијанскиот центар „Данте Алигиери“, Францускиот институт во Скопје, Националната агенција за европски образовни програми и мобилност на РМ и неколку амбасади, со поддршка на Секретаријатот за европски прашања и Делегацијата на ЕУ.
Предвидени се работилници со членките на мрежата EUNIC Скопје, на која младите ќе се запознаат со тоа како да се подготват за мобилност во Европа, како да напишат CV и мотивациско писмо на повеќе јазици, како да го одредат јазичното ниво и како да дојдат до повеќе корисни информации на оваа тема.
Настанот „Младите и мобилноста“ е отворен за сите млади и студенти кои сакаат да го надградат своето образование со студии на европски универзитети.
Ново на Сител
-

Успение на Пресвета Богородица – Стотици верници се собраа во манастирот кај Матка
-

Мицкоски: Нема да се откажеме од градење дата центри во Македонија
-

28 август - Ден на рударите
-

Рударството како дел од зелената транзиција
-

Мицкоски: За 2 години Владата создаде 17 илјади нови работни места - повеќе од владите на СДСМ за 7 години
-

ЦУК: Регистрирани 11 пожари на отворено - 7 се активни, а 3 под контрола
-

Eпилепсија, вртоглавици, моторни оштетувања: Симптоми на пост-западнонилски синдром
-

Преглед на вестите од светот
