Фудбал
8. јуни 2016 - 9:40

Младите фудбалери (У_16) на Македонија ја победија Словачка

Македонската фудбалска репрезентација до 16 години оствари победа од 3:1 против Словачка на првиот од двата контролни натпревари на гостински терен.
 
Бојан Колевски во 17. минута донесе предност за Македонија од 1:0, а Дарко Чурлинов ја удвои во 24. минута. Домашната репрезентација во 34. минута успеа да намали на 2:1, но Фазлагиќ во 43. минута ја потврди победата на „црвено-жолтите“.
 
Двете селекции утре ќе го одиграат возвратниот контролен натпревар.
 
За Македонија ова беше четвртата победа во низа по успешните настапи минатиот месец на развојниот турнир на Уефа во Сан Марино.