-->
-->
Младиот актер помогна при апсењето на двајца криминалци во Лондон
-->
Глумецот Том Харди се најде среде сцена како од акционен филм, на улиците во Лондон, кога се најде на патот на двајца крадци кои бегаа од полицијата, па реши самиот да запре еден од нив.
Еден од двајцата кои украле скутер, го уапсила полицијата, но неговиот придружник се дал во бегство. Во тој момент, глумецот тргнал по него и го бркал низ неколку улици и приватни дворови, пред да го стигне и совлада.
– Го фатив гадот!, викнал Харди кога го приклештил крадецот.
Очевидците воодушевени од подвигот, коментираат дека Харди во тој момент испаднал вистински херој.
– Том е дефинитивно човек кого никој не би сакал да го налути, рече еден од очевидците на настанот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Собранието го изгласа ребалансот на Буџетот
-
Тема на денот со Каја Шукова, кандидатка на СДСМ за градноначалничка на Скопје
-
Линеарното зголемување на пензиите денеска на владина седница
-
СДСМ бара нови мерки
-
Битката во албанскиот блок – фокус на локалните избори
-
Ивановска: Има начини законски да се разреши Димитровска од антикорупциска
-
Партиите со меѓусебни обвинувања за идејата за резолуција со Бугарија
-
Службите во Македонски Брод со пожари се борат на три фронта