Младинската невработеност сериозен проблем во Пелагонија
Младинската невработенoст станува сериозен предизвик во пелагонискиот регион, но и интересот за решавање на овој проблем е се поактуелен. Младите не треба да чекаат државата да ги вработи, туку треба да размислуваат за сопствени бизниси
-Се чини дека во Пелагонискиот регион се уште не се гледа како кариерна опција младинското претприемништво. Младите треба да ја надминат помислата за државно вработување и да почнат да размислуваат да отвораат свои сопствени бизниси, бидејќи младинското претприемништво покрај тоа што му овозможува да ја зголемат довербата, всушност им се обезбедува и постигнување на една економска независност“, рече проф. д-р Моника Марлпвска, ФИКТ Битола.
Од компаниите водени од млади претприемачи ги мотивираат младите луѓе да влезат во светот на бизнисот.
-Да станат млади претприемачи и да му кажеме дека во оваа ситуација во која што се наоѓаме како општество, како економија, во целокупната ковид ситуација, не треба да мируваат, не треба да стагнираат, туку треба да ги искористат сите можности кои им се даваат“, рече д-р Ана Ристевска, сопственик на фирма за дигитален маркетинг.
Заклучно со месец февруари бројките од Агенцијата за вработување покажуваат дека вкупниот број на невработени лица во Битола е 6742. Според возрасните категории - на возраст од 20 до 24 бројот на невработени изнесува 592, од 25 до 29 години изнесува 798 и од 30 до 34 години има 693 невработени.
-
Маја Богоевска
Сите содржини од овој новинар
