Македонија
22. July 2015 - 17:35

Млади полицајци се грижат за јавниот ред и мир во Велес

Млади полицајци се грижат за јавниот ред и мир во Велес. Кандидатите за нови полициски службеници го полагаат практичниот дел од обуката. Патролираат по градските улици и откриваат прекршоци од областа на јавниот ред и мир.

На територијата што ја покрива СВР Велес, практичниот дел од обуката за јавен ред и мир го полагаат вкупно 18 кандидати. Нивното знаење го тестираат оценувачи со кои заедно ги реализираат патролите.

Во следниот период кандидатите ќе го полагаат и модулот кривично дело. Инаку обуката за нови полицајци трае една година и се спроведува во центарот „Идризово“. Вкупно 440 кандидати се обучуваат нови полицајци.