Млади и спортски градени: Запознајте ги браќата на Дарко Спејко!
Тие му беа најголемата поддршка на Дарко Петковски Спејко во миговите кога беше прогласувањето на победникот во реалното шоу „Големиот брат“, но и во текот на целото шоу го бодреа од дома. Станува збор за браќата на Спејко.
Двајцата се помали од него. Влатко Петковски влезе во студиото во Белград по прогласувањето на Спејко за победник, а најмалиот брат Никола Петковски го поддржуваше од студиото на Сител со Снеже Велков.
Дарко е роден на 27 март 1988, Влатко на 24 јануари 1995 и Никола на 29 октомври 1991. Датумите на раѓање на тројцата се истетовирани на ногата на Никола.
Дарко е идол на своите помали браќа, а тие не пропуштаат пригода да го кажат тоа.
Атлетика, трчање, кошарка се е на нивниот репертоар на спортови што ги практикуваат. Тројцата се активни во спортската академија на Спејко „Ballforlife“.
Спејко со победата во „Големиот брат“ освои награда од приближно 100 илјади евра која како што вели ќе ја потроши дел во хуманитарни цели, а дел за да ги оствари своите соништа.
Ново на Сител
-
Рама: На изборите во Косово не давам предност на никого
-
Малолетник нападнат и ограбен во автобус на ЈСП
-
Ограбена аптека во Аеродром
-
Во Хрватска почна еднонеделен бојкот на маркетите Конзум
-
Тошковски: Потребни се сериозни реформи за поефикасен систем за справување со пожари и елементарни непогоди
-
Росица Кулакова: Kоренот на сите проблеми во општеството доаѓа од судскиот систем
-
91-годишна скопјанка измамена за 300.000 денари
-
64-годишен скопјанец пронајден починат во неговиот дом