-->
-->
Младеновски заминува од МЗТ
-->

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Љубомир Младеновски речиси сигурно нема да биде во составот на МЗТ Скопје Аеродром за новата сезона, откако не ја прифати понудата на шесткратниот шампион за продолжување на досегашната соработка.
- Високиот центар, кој изминативе четири години го носеше сино-белиот дрес, има желба да се проба во странство поради што реши да си замине од „Јане Сандански“ и покрај големиот интерес на нашиот клуб да го задржи во своите редови. Управата на „металците“ стори се за да го обнови договорот со популарниот Бубе, нудејќи му одлични финансиски услови како и ставајќи му ја на располагање целата клупска инфраструктура и тренерски кадар потребен за напредување , но пресуди неговата решителност да се проба надвор од Македонија, соопштија од МЗТ Скопје.
Без разлика на сегашната негова одлука, вратите од МЗТ Скопје Аеродром секогаш ќе бидат отворено за Младеновски, дали во продолжение од сезоната која претстои или, пак, во некоја подалечна иднина. Челниците на клубот му се заблагодаруваат на се што направи за екипата од Аеродром и му посакуваат блескава интернационална кариера, додаваат од таборот на аеродромци.
Младеновски кариерата ја започна во Работнички во 2011 година. Од 2013 го носеше дресот на МЗТ Скопје Аеродром. Има освоено четири шампионски титули и два купа.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Победата на Јакуповски за градоначалник на Маврово и Ростуше, јасен политички суд на граѓаните
-

МВР: Повторените локални избори без нарушувања на јавниот ред и мир
-

Искршена стаклена врата на Бугарската амбасада во Скопје
-

ВМРО-ДПМНЕ ја потврди победата на Онер Јакупоски во Маврово и Ростуше
-

Лимани од НАИ победи во Гостивар
-

ДИК: Одѕивот на повторените локални избори во четири општини до 18:30 часот изнесува 28,07 проценти
-

Податоци на 17 милиони корисници на Инстаграм завршија на „дарк веб“
-

Зеленски ја обвинува Русија за целен терор врз украинското население
