Млада скопјанка се породи во автомобил пред Kлиниката за гинекологија
Помлада скопјанка се породи завчера околу пладне во автомобил и на само неколку метри од влезот на Kлиниката за гинекологија и акушерство во Скопје. Трудницата успеала да стаса до пред Kлиниката со автомобил што го управувал, најверојатно, нејзиниот сопруг, но наместо во родилна сала, бебето не можело веќе да чека и се родило на задното седиште од автомобилот.
– Веднаш притрчавме да помогнеме и со количка ги изнесовме и родилката и бебето кое само што беше родено и плачеше. Жената ја примија веднаш лекарите во приемното одделение за итни случаи, по што ја префрлија во родилна сала. Ова не е првпат, пред само две недели уште една трудница од Скопје се породила во такси-возило кое ја носело на породување – за Дневник велат вработените на Kлиниката.
Во родилната сала веднаш бил применет протоколот за породување во вакви случаи и биле преземени сите мерки за безбедност и на родилката и на бебето, кои како што дознавме, се во добра здравствена состојба. Таму била пресечена и папочната врвца.
На Kлиниката се раѓаат речиси 5.000 бебиња годишно.Официјални информации за случајот се` уште нема.Од оваа установа потврдија дека пациентката се породила пред Kлиниката, а дека тоа се случувало и порано.
Ново на Сител
-
Сончево со јужен ветер
-
Израелската полиција изврши рација во Ал Џезира во Ерусалим, одзеде опрема
-
Костадиновска-Стојчевска: Македонскиот јазик е нашиот национален белег и најважниот симбол на културниот идентитет
-
Косовската полиција уапси 4-ца македонски државјани меѓу кои и кондовецот Агим Красниќи
-
Макрон го повика Нетанјаху успешно да ги заврши преговорите со Хамас
-
Димитровска: ДКСК оформи 45 предмети поврзани со изборите
-
14-годишна малолетничка од Петровец избегала од дома
-
Малолетник пријавен за насилство врз неговата мајка и брат