Млад германски фудбалер се бори за живот по тепачка на меѓународен турнир
Полицијата во Франкфурт соопшти денеска дека 15-годишен фудбалер од Берлин е хоспитализиран со повреди на мозокот опасни по живот, откако бил удрен од противнички играч по завршување на натпревар во рамки на меѓународен младински турнир.
Обвинет за нападот е 16-годишен фудбалер од француски тим и тој е во притвор додека се чека одлука на судот.
Полицијата соопшти дека инцидентот се случил по завршувањето на меѓународен натпревар во младинска конкуренција одигран во неделата во Франкфурт.
„Жртвата била удрена со тупаница во пределот на главата или врата и паднала. Итна медицинска помош му била укажана на самото место по што е пренесен во болница“, се наведува во полициското соопштение.
Полицијата побара помош од сведоци кои располагаат со видеоснимки од инцидентот.
Ново на Сител
-
ИЈЗ за Денот против злоупотреба на детскиот труд: Детството не смее да биде жртвувано за профит, сиромаштија или негрижа
-
Њујорк тајмс: Израел се подготвува да го нападне Иран
-
Данска воведе задолжителна воена служба за жените
-
НБ: Прва средба меѓу гувернерот Славески и претставникот на ЕИБ во нашата земја – зајакнување на партнерството
-
Во Полска приведен 19-годишник кој планирал да изврши терористички чин
-
Османи: Ние Албанците не сме гости во оваа земја, туку домаќини
-
Влада: За три дена 109 повредени лица од Кочани ги доставија своите барања и предлози, ги охрабруваме и другите
-
Таравари: Скандалозно, во институциите се вработени 95% Македонци, а само 5% Албанци