Свет
27. January 2016 - 17:58

МКС започнува истрага за војната меѓу Русија и Грузија во 2008 година

Меѓународниот кривичен суд (МКС) му дозволи денеска на својот обвинител, согласно неговите надлежности, да спроведе истрага за наводните злосторства извршени за време на војната меѓу Русија и Грузија во 2008 година.

Ова ќе биде првата истрага на МКС во врска со конфликт кој е надвор од Африка.

Судот, чие седиште се наоѓа во Хаг, смета дека постојат индиции за извршени злосторства против човештвото, вклучувајќи убиства, прогони и грабежи, како и воени злосторства, меѓу кои напади врз мировници, за време на руско-грозиската војна во август 2008 година.

Меѓу Москва и Тбилиси избувна краток конфликт околу грузиската сепаратистичка област Јужна Осетија, а војната меѓу двете земји заврши со пораз за Грузија.