-->
-->
МКФ прифати пролонгирање на рокот за должниците, но со нивни гаранции
-->
Откако клубовите, должници, побараа пролонгирање на роковите за да ги подмират обврските кон Кошаркарската федерација на Македонија, денеска преку соопштение до јавноста федерацијата, потврди дека ќе го прифати барањето на Здружението на Прволигаши, но истовремено побара и гаранции за извршување на обврските.
Во соопштението на МКФ стои:
По барањето на Здружението на Прволигаши во врска со продолжување на рокот за плаќање на котизации, казни и лиценци за странски играчи, Македонската кошаркарска федерација го зазема следниот став:
1.Клубовите да ја исплатат првата рата од котизацијата најдоцна до 2. март (петок);
2. Клубовите да ги подмират лиценците за странски играчи најдоцна до 30. март (петок) со обезбедена банковна гаранција за наплата до 20. април (петок);
3. Клубовите да ја исплатат втората рата од котизацијата како и сите казни дотогаш изречени најдоцна до 20. април со обезбедена банковна гаранција за наплата до 20. април (петок).
Доколку Здружението на Прволигаши се согласува со одлуката на МКФ рокот за доставување на банковни гаранции е 9. март (петок)
Во случај да не се прифатат и испочитуваат овие одлуки Комесарот за натпреварување ќе мора да постапи по Правилникот и Пропозициите за натпреварување односно одлуката донесена за суспензија.
Во интерес на кошарката, се надеваме дека клубовите нема да ја злоупотребат нашата попустливост и доверба во нив и нивното менаџирање и дека конечно ќе изнајдат решение за кое се задолжени со нивните функции за да сите заедно им овозможат континуитет и регуларно првенство на сите љубители на кошаркарскиот спорт.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Собранието ќе заседава Комисијата за надзор над работата на АНБ и на АР
-
Блумберг: САД на состанокот во Саудиска Арабија ќе ја притиснат Украина за примирје
-
Kомеморација по повод 82 години од холокаустот на македонските Евреи
-
Претседателката Сиљановска-Давкова во официјална посета на Азербејџан
-
Пред пратениците петте интерпелации на членовите на Судскиот совет
-
ЕУ организира комеморација за жртвите на тероризмот
-
Србија: Студенти ги блокираа влезовите на РТС и РТВ, полицијата е распоредена во двете згради
-
Новинарите во Грција започнаа 24-часовен штрајк