-->
-->
МКФ пресече: За странците ќе се плаќа по ново, за македонците лиценците по старо
-->
Македонската кошаркарска федерација (МКФ) излезе со компромисно решение за „кризата„ која се надвиснуваше над мак-баскетот.
МКФ одлучи новите цени за лиценцирање на кошаркари да важат само за странските кошаркари, а не и за македонските.
Со оваа одлука МКФ покажа дека има разбирање за барањата на клубовите кои изразија негодување околу зголемувањето на сумите за лиценцирање, но уште поважно, УО на МКФ докажа дека првенствено размислува за иднината на македонската кошарка, односно задржување на домашните кошаркари.
Сега на потег се клубовите кои пред неколку дена најавија бојкот на домашното првенство, чиј старт во неколку наврати беше пролонгиран, а истиот според последната најава треба да се случи претстојниов викенд (22-23 октомври).
Впрочем, редно е и клубовите да направат компромис, но најважно од се е да сватат дека мора да водат повеќе грижа и да им дадат шанса на младите македонски кошаркари кои се фундаментот на репрезентацијата на Македонија, а не странците.
Сооопштението на МКФ ви го пренесуваме во целост.
![](/sites/default/files/styles/large/public/article/images/2016/october/capture11111.jpg?itok=QyS_X_FQ)
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Teма на денот со Зоран Јовановски
-
EУ почна преговори со Украина и Молдавија
-
Прва инвестиција на новата Влада вредна 500 милиони долари
-
Почна расправа за струјата
-
Од министерска во директорска фотелја – Фатмир Меџити е нов директор на Клиниката за неврологија
-
Клиниките во Скопје и Штип ќе ги лечиме на арбитража во Париз
-
На секоја втора фирма лани и било барано мито, сумите одат и до 100 илјади евра