-->
-->
МКФ ќе ангажира 40 лица за помош при организација на ЕП во Скопје
-->

На првенството покрај јуниорската селекција на Македонија ќе настапат уште 23 репрезентации Македонската кошаркарска федерација (МКФ) од 29 јули до 7 август 2016 е организатор на Европско првенство за кошаркари до 18 години Дивизија Б. По тој повод МКФ објави конкурс за ангажирање на лица кои ќе бидат дел од локалниот организациски комитет (ЛОК) и кои ќе придонесат за успешна организација на Европското првенство за кошаркари до 18 години во Скопје.
Ќе бидат избрани вкупно 40 лица, од кои 23 водичи за гостинските репрезентации, шест одговорни лица за хотели, оперативен менаџер, одговорен за дистрибуција на медиа материјали и девет лица ќе бидат ангажирани во спортските сали.
Лицата заинтересирани за учество во организацијата на ЕП можат да добијат информации преку веб-страницата на МКФ www.basketball.org.mk
На првенството покрај јуниорската селекција на Македонија ќе настапат уште 23 репрезентации и со 24 земји учеснички ќе биде најголемото младинско Европско првенство одржано до сега во Македонија.
Натпреварите ќе се играат во спортските сали: ВИП Арена - „Борис Трајковски“, СЦ „Јане Сандански“ и салата на КК Вардар под Кале. Екипите и официјалните лица ќе бидат сместени во хотелите Континентал, Александар палас и Русија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Осомничениот за терористички напад на плажата Бонди ќе се соочи со 19 дополнителни обвиненија
-

Без струја делови од Шуто Оризари и Кисела Вода
-

Променливо облачно со сончеви периоди
-

Актерството ме научи дека можам да успеам во секоја улога | Марија Јанчевска | Sitel Podcast 145
-

Ѓорѓиевски: Мостот „Генерал Михајло Апостолски“ конечно се става во функција
-

Боко Харам уби 23 војници во Чад
-

Трамп: Иран нема никакви шанси
-

Иран ги обвини САД за убиство на пет цивили во два трговски брода во Ормуската Теснина
