-->
-->
МКФ ја пријави женската репрезентација за квалификациите за ЕП 2019
-->
Сениорската репрезентација во женска конкуренција по три години отсуство од кошаркарската сцена во Европа, повторно ќе биде дел од континенталните натпреварувања.
Тоа што претседателот на Македонската кошаркарска федерација (МКФ), Петар Наумоски, како и генералниот секретар Моника Гаврилоска го најавија минатата година на обирот со сениорките оваа година ќе стане реалност – националниот А-тим ќе земе учество на квалификациите за Европското првенство што ќе се одржи во 2019 година.
Амбициите на националниот тим во женска конкуренција се пласман на едно Европско првенство кое би било прво за сениорките во историјата на Република Македонија.
Ждрепката за групите ќе биде одржана по завршувањето на Европското првенство што оваа година ќе се одржи во Чешка, на 4 јули 2017 година во Минхен, Германија.
Сите селекции ќе се натпреваруваат во двокружен систем (дома-гости). Првите евро-квалификациски натпревари ќе се одиграат на 10 и на 14 ноември 2017 година, а вторите наредната година (2018 година) на 10 и на 14 февруари, додека последните натпревари од квалификациите ќе се одиграат на 17 и на 21 ноември 2018 година.
Само 16 национални селекции ќе земат учество на Европското првенство во 2019 година од кои едно или две ќе бидат резервирани за домаќинот односно домаќините.
Последна активност на националниот состав во женска конкуренција се квалификациите за Евробаскет 2015 одржани во 2013 година, кога сениорската репрезентација не успеа да избори пласман на еден континентален собир.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Благодатниот оган се спушти во храмот над Светиот гроб во Ерусалим
-
Серафимов: Цената на месото не е зголемена за Велигден
-
Вучиќ: Тајван е Кина и точка
-
Одбележување на годишнината од масовното убиство во Мало Орашје и Дубона
-
Во Пустец откриена спомен-биста на Гоце Делчев
-
Во црквата „Св. Спас“ одбележани 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје