МКФ го продолжува проектот „Заедно со М-16“
Македонската кошаркарска федерација (МКФ) и оваа година ќе организира камп за млади кошаркари кој ќе се одржи во Маврово во периодот од 25 до 30 јуни.
На овој камп, ќе бидат присутни 60 селектирани млади кошаркари кои се дел од репрезентациите до 14 односно до 15 години, односно родени 2003 и 2002 година, а кои во текот на годината се дел од проектот на ФИБА насловен како „Заедно до М-16“.
За помладите кошаркари (родени 2003-година), воедно ова ќе биде и дел од селективните тренинци, преку кој селекторот Денис Дервишевиќ ќе треба да го исфилтрира списокот на играчи кои ќе продолжат со подготовки за настап на неофицијалното ЕП за играчи на оваа годишна возрас односно турнирот „Словенија Бол“.
И оваа година, координатор на кампот ќе биде американскиот тренер Крис Дајл кој ќе биде придужуван од двајца свои соработници.
Комплетната опрема за кошаркарите и за тренерите ќе биде обезбедена од страна на МКФ.
Ново на Сител
-
Николовски: Се контролираат и лиценци за изградба на сите објекти
-
Психолошка помош им е потреба на голем број граѓани, особено на семејствата кои ги изгубија најблиските
-
Преглед на вестите од светот
-
Приведени тројца градоначалници на Кочани
-
Зајакнати тимови од психолози и психијатри во Кочани, МОН препорачува да се работи со децата
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Уапсен градоначалникот на Кочани
-
Последен поздрав за жртвите