МКЦ ќе добие централен систем за греење и разладување
Во концертната или „денсинг“ сала во Младинскиот културен центар (МКЦ) се поставува централен систем за затоплување и разладување. Проектот ќе биде завршен до крајот на летото, а вредноста на инвестицијата е 1,8 милони денари, обезбедени од буџетот на Град Скопје.
Увид во работите кое се изведуваат во МКЦ денеска извршија скопскиот градоначалник Коце Трајановски и директорот на установата Златко Стевковски.
- Со климатизацијата се опфатени кино „Фросина“, џепното кино, галеријата, влезниот хол и сите простори каде имаше потреба. Со овој зафат по 40 години се овозможува во концертната сала да се изведуваат театарски претстави и концерти и во текот на летото, рече Трајановски.
Покрај ова, како што рече, Град Скопје во изминатите четири години има вложено околу 26 милиони денари за реконструкција и за опремување на МКЦ. Реконструкцијата го опфати киното „Фросина“, сценскиот дел, стлчињата, кино проекторот, системот за разладување и затоплување, комплетно е реконструирана ликовната галерија, џепното кино каде се набавени проектор, столчиња, сценскиот дел, опрема за кино „Милениум“, обновени се санитариите, подрумот, влезниот хол...
- Во изминатите четири години завршена е реконструкцијата на фасадата, покривот и прозорците на МКЦ во вредност од 640.000 евра, рече Трајановски.
Директорот на МКЦ Златко Стевковски потсети и на други проекти, како целосно опремување од аудио и светлосна опрема, поставување рампа, поставување 3Д проектор во кино „Милениум“, поставување дигитален проектор во кино „Фросина“, проектор во џепното кино...
Ново на Сител
-
Унгарската полиција ја забрани претстојната Парада на гордоста во Будимпешта
-
Нов ирански ракетен напад врз Израел
-
Нова размена на воени заробеници помеѓу Русија и Украина
-
Во Кочани се одржува средба на родителите на починатите во „Пулс“ со обвинителите
-
Беживотно тело пронајдено во водите на Охридското Езеро
-
Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста
-
Хаос во Советот на општина Кочани, тепачка, пцуење, повредена жена | ВИДЕО
-
Се очекува експерт за ампутации од Словенија, ќе се разгледаат опции за третман на повредените од дискотеката во Кочани