Мјузиклот „Мама Миа“ следната година добива продолжение
Десет години по премиерата на филмската верзија на мјузиклот „Мама Миа“, режисерите најавија ново продолжение, а Мерил Стрип, Аманда Сејфрид, Пирс Бронсон и Колин Фирт се согласија да ги репризираат своите улоги, јави Би-Би-Си.
Продолжението „Mama Mia: Here We Go Again“ ќе биде во режија на Британецот Ол Паркер, кој е автор и на сценарието, а извршни продуценти ќе бидат членовите на групата „Абба“, Бени Андерсон и Бјорн Улвеус
Кога филмот „Мама Миа“ во 2008 година се појави во кино салите не доби најдобри критики, но тоа не влијаеше на заработката. Според проценките филмот заработи 600 милиони долари во целиот свет, што е решиси 12 пати повеќе од неговиот буџет.
Премиерата на филмот „Mamma Mia: Here We Go Again“ е планиран за 20 јули 2018 година.
Ново на Сител
-
ЕУ ќе стационира пожарникари од 12 земји на жариштата на шумските пожари
-
Очевидци: Израелските трупи навлегле подлабоко во Рафа
-
Париз очекува да заработи над 11 милијарди евра од ОИ
-
Истражување: Половина од раселените Украинци изразиле подготвеност да се вратат во земјата
-
ЈОРСМ: Извршен увид и обезбедени траги за вештачење од местото на убиството во Стајковци
-
НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата
-
17-годишно момче исчезна од установа за згрижување деца во Карпош
-
OpenAI ja претстави најновата верзија на својот чатбот – ChatGPT-4o