Мјузикл за Тоше идната година во Македонската опера и балет
Македонската опера и балет најави дека во соработка со Фондацијата „Тоше Проески“ ќе направи мјузикл во чест на Тоше Проески, врз оригинално сценарио на текстописецот и драматург Огнен Неделковски, кој беше и автор на голем дел од текстовите за песните на Тоше.
Музичкиот дел ќе го обликува авторски тим од реномирани композитори кои ќе ги преработат најпознатите музички теми испеани од Тоше Проески.
- Мјузиклот ќе биде поставен во почетокот на наредната година, во која ќе се одбележат 10 години од прераната смрт на македонската музичка икона Тоше. Бидејќи Тоше беше подеднакво извонреден оперски пејач, сметаме дека токму со жанрот на мјузиклот ќе успееме од една страна да ги обединиме сите креативни квалитети кои ги поседуваше како уметник, а во соодветна уметничка форма да се презентира до широката јавност и сите почитувачи на неговиот лик и дело, од друга страна, изјави Игор Дурловски, директор на Македонската опера и балет.
За овој месец, 27 април, МОБ најави премиера на балетската претстава „Црвена соба“ во која ќе настапат сите првенци на Балетот на МОБ. Либретото за балетот го напиша Сашо Димовски, а сценографијата е на Марија Ветеровска. Кореограф е Игор Киров, а костимограф Александар Ношпал, кои соработуваа и за балетската претстава „14 часа“.
Ново на Сител
-
Обдукцијата и идентификацијата завршени, кај сите настрадани во пожарот констатирана насилна смрт од задушување
-
Едно лице потешко повредено кога возило на АРМ се превртело кај Соколарци на патот Штип-Кочани
-
УНРВА: Во Газа има брашно за само уште шест дена
-
„Ниту бил причина за пожарот, ниту бил на должност, сакаат да ја префрлат вината“ - се огласи сопругата на Бектеши
-
Вкупниот број на осомничени за пожарот во Кочани досега е 34 лица
-
Вучевиќ: Викендов ќе се одржи првиот состанок за движењето за народот и државата
-
Кривична пријава против шест лица за несовесно работење во службата
-
Просечната нето плата во јануари 43.050 денари