Мјанмар: Две години затвор за уредник што објавил неточна вест за Ковид-19
Зав Је Хтет, главен уредник на мјанмарската новинска агенција Дае Пјав е осуден на две години затвор, откако се покажа дека веста на агенцијата дека едно лице починало од коронавирус не била точна.
Зав Jе Хтет е уапсен на 13 април, еден ден откако објавил напис во кој се наведува дека е евидентиран еден смртен случај од Ковид-19 во источната држава Карен. Се испостави дека веста не е вистина, пренесува Гардијан.
Адвокатот на новинарот изјави дека тој е осуден според член 505 на две години затвор.
Гардијан забележува дека станува збор за нејасно дефиниран закон, кој често се применува на новинари и активисти поради изјави „кои предизвикуваат страв или тревога“.
Во Мјанмар, потврдени се 199 заразени со новиот коронавирус и шест смртни случаи, но експертите стравуваат дека реалниот број е далеку поголем, бидејќи се тестирани мал број на луѓе.
Ново на Сител
-
Авионот на „Ер Индија“ се урна заради исклучен доток на гориво во моторите, покажува прелиминарниот извештај за несреќата
-
Ѓоковиќ: Едноставно тоа се годините, телото е истрошено...
-
Вучиќ: Студентите во блокада на 15 март не дадоа „зелено светло“ затоа што некои во државата требаше да си ја завршат работата
-
Свети апостоли Петар и Павле (Петровден)
-
Сончевo и топло до 36 степени
-
На ГП Табановце и на Богородица се чека околу 20 минути
-
Тошковски: Расветлени се мотивите за дел од случаите со пожарите кои настанаа изминатиот период
-
Уапсено лице кое предизвикува пожар во скопско Огњанци