Македонија
9. March 2023 - 16:34

Митровски: Дали центрите за социјални работи дискриминираат татковци?

И во 21 век во Македонија се уште има мажи кои молат да се грижат за своите деца по разводот. Адвокатот Јанаки алармира дека ваквата дискриминација најчесто доаѓа од скопскиот меѓуопштински центар за социјални работи.

Како пример го посочува последниот предмет во кој центарот по секоја цена сака да му ги одземе правата на татко за кој и двете деца бараат да им биде дозволено да го гледаат почесто. 

Документи кои што не им одат во прилог на оваа тенденција ги снемува, а јас ги имам, тоа се на пример изјави на двете малолетни ќерки кои самите од центарот бараат да добијат уште еден час подолго да остануваат со својот татко.

Исто така сакам да потенцирам дека 22 пријави за семејно насилство претходно има пуштено мајката до ценатарот и ниедна од тие не е процесоирана бидејќи семејно насилство нема. За семејено насилство се смета тоа што таткото сака да учествува со образовниот и здравствениот процес на децата, на што има целосно законско право, вели адвокатот Јанаки.