Македонија
11. October 2016 - 20:57

Митрополитот Јосиф на средба со албанскиот архиепископ Анастасиј

Митрополитот Кумановско-Осоговски г. Јосиф освари средба со архиепископот на Тирана, Драч и цела Албанија г. Анастасиј.

- По средбата со  Архиепископот на Албанската православна црква г. Анастасиј, во архиепископската резиденција во Тирана, г. Јосиф ја посети Духовната академија „Воскресение Христово“ во манастирот на Свети Власиј во Драч, каде беше пречекан од неговото преосвештенство, епископот на Билис г. Асти, викар на албанскиот архиепископ, пишува електронското издание на македонскиот весник „Илинден“.

Според истиот извор,  со благослов на архиепископот г. Анастасиј, во академијата студира дипломираниот богослов Теофил Гроздановски, како прв студент од Македонија.