-->
-->
Митрополит Кипријан: Комисијата за канонскиот статус на МПЦ-ОА не прекинала со работа
-->

Комисијата за обнова на канонскиот статус на Македонската православна црква – Охридска архиепископија, не е распуштена и продолжува со работа, изјави старозагорскиот митрополит Кипријан по информациите дека тоа тело, кое го предводи тој, прекинува со работата.
- Тоа не е точно. Нема такво нешто. Има одлука за средба со вселенскиот патријарх Вартоломеј за тоа прашање за МПЦ-ОА, нагласува митрополитот Кипријан за агенцијата Бгнес.
Комисијата беше формирана откако во писмо од 9 ноември до Бугарската православна црква, МПЦ-ОА побара да биде призната како независна црква и исто така БПЦ да стане црква мајка за МПЦ-ОА.
Во почеткот на оваа година во Софија имаше средба на комисиите на БПЦ и на МПЦ-ОА.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Отворен комплексот „Futura 2“ на ELENA LUKA HOME - Ново поглавје во современото домување
-

Нов раст на болни во Гостивар
-

Власта и опозицијата и натаму со обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

УХМР најавува ново невреме
-

Утре повисоки цени на горивата, Регулаторна ќе ја објави и новата цена на парното
-

63 години од катастрофалниот земјотрес во Скопје
-

Струшката депонија горлив проблем
-

Депониите главен ризик за пожари во струмичко
