Македонија
6. January 2022 - 8:41

Митрополит г. Јосиф: Рождеството Христово и другите денови да бидат во мир, помирување, разбирање и радост

Митрополит г. Јосиф испрати пригодно обраќање до верниците во Тетовско-гостиварската епархија по повод Раѓањето на Исус Христос – Божиќ, еден од најзначајните празници во православната црква.  Тој како надлежен архијереј честитајќи го празникот посака добро здравје, духовен спокој и мир за верниците, како и желби за конечна победа над пандемијата.

-Почитувани верници на Тетовско-гостиварската епархија при Македонската православна црква, Радосниот празник на Христовото Рождество е спасоносниот ден во кој Синот Божји кој вечно се раѓа од Отецот се роди во времето. Празникот на Рождеството Христово, но и сите денови од годината што се пред нас, нека ни бидат денови на мир и помирување, на радост и разбирање и дај Боже нека траат вечно. Среќен Божиќ и нека е благословено ново лето Господово. Христос се роди, Навистина се роди, порача  митрополитот г.Јосиф.

Во Тетово годинава изостана Бадниковата литија.