Митрополит г. Јосиф: Христовата семоќна десница нека не закрилува секојдневно
Митрополит г. Јосиф испрати пригодно обраќање до верниците во тетовско-гостиварската епархија по повод еден од најзначајните празници во православната црква Раѓањето на Исус Христос – Божик. Тој како надлежен архијереј честитајќи го празникот посака добро здравје, духовен спокој и мир за верниците.
– Оној кој го создаде човекот, станува човек и се раѓа како човек, за да го спаси човекот. Ние треба да гледаме со Вера на тајната на Божественото во оплодување и без љубопитство да го прославуваме Оној кој благоизворел да дојде меѓу нас. Христос нашиот вистински Бог кој слезе од небото и се роди во пештера повиен во јасли нека се застапи за секого од нас поединечно и за секое семејство од нашата тетовско-гостиварска православна епархија. Нека неговата десница не чува од зло и неговата семоќна десница нека не закрилува секојдневно. Амин! Христос се роди, навистина се роди, порача митрополитот.
Утре на денот на Христово Раѓање – Божик, владиката ќе отслужи празнична литургија во храмот Пресвета Богородица во Гостивар.
Ново на Сител
-
Приведени две лица, превезувале осум мигранти
-
Тетовчанец физички ги нападнал својата мајка и брат
-
Раководител побарал 13.000 евра мито за дозвола за проект за градење на апартмани
-
Боре Видевски: Немам ништо со убиствата, полицијата ме тепаше по трансплантираниот бубрег, морав да потпишам признание
-
Јанев: Врз гробовите на нашите блиски градите кариери, ја напуштам Левица
-
Субвенција од 1.000 денари за месечната сметка за струја за ранливите потрошувачи
-
Бугарскиот државјанин кој измами кумановка за 30.000 евра доби четири години и десет месеци казна затвор
-
Бензините поскапуваат, дизелот поевтинува