Митревски: Да се реализираат кривичните пријави против лицата кои лажно се претставуваат
Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) ги повикува надлежните институции да почнат да ги реализираат кривичните пријави против, како што велат, фалсификаторите кои се обидуваат лажно да се претставуваат, насилно влегуваат во просториите на Синдикатот и го попречуваат владението.
- Обидот за насилен упад во ССМ беше спречен благодарение на функционирањето на правниот систем. Дефинитивно е утврдено дека решението на техничката министерка Ременска било фалсификувано, дека не се спроведувани процедурите и дека не е направена постапка, а 13 од 17 грански синдикати јасно укажаа дека не учествувале нивни претставници, ниту, пак, била направена постапка. Решението е поништено од страна на Министерството за труд и социјална политика и никогаш во Централниот регистар не било избришано името на легитимниот претседател на ССМ Живко Митревски, рече Митревски на денешната прес-конференција во ССМ.
Нагласи дека се покажува оти таканаречениот в.д. претседател Димовски и претседателите на четирите грански синдикати кои се исклучени од ССМ немаат поддршка од членството и додаде дека тоа и визуелно се гледа и од денешното собирање пред зградата на ССМ.
- Пред ССМ е собрана група од триесетина лица од кои половината не се ниту членови на ССМ и се пуштени од некои други структури. Тоа покажува дека целокупното членство на ССМ дава апсолутна поддршка на легитимно избраното раководство на ССМ заедно со претседателот, рече Митревски и додаде дека се отворени кон членовите на исклучените грански синдикати, но не и кон нивните претседатели, кои, како што рече, прават обиди да ја дезинформираат јавноста.
Тој ги обвини претседателите на четирите исклучени грански синдикати од ССМ дека направиле криминал и оти само на име на неплатена членарина во последните две години го оштетиле Синдикатот за повеќе од 15 милиони денари. Од нив повеќе од 2,5 милиони денари се од Агросиндикатот, над 4,6 од СИЕР, речиси 4,4 од УПОЗ и повеќе од 3,3 милиони денари од СУТКОЗ.
Митревски посочи дека се што се случува во последниот период во ССМ е оркестрирано и е поврзано со одредени структури од надвор и со одредени бизнис интереси.
Ново на Сител
-
По барањето од ОЈО Скопје, одложена закажаната расправа за убиството на Вања и Панче
-
Мицкоски: Скопје стои како симбол на издржливост и солидарност
-
Николоски: Градежните работи на експресниот пат Градско - Прилеп се засилуваат од август, до крај на годината ќе се вози по нов пат од Градско до Дреново
-
Собраниска делегација положи цвеќе пред споменикот на жртвите од земјотресот во Скопје
-
Шефот на албанската дипломатија, Хасани кандидат за генерален секретар на ОБСЕ
-
Се возеле со мотори и АТВ во заштитениот дел на Шар Планина, покрената постапка
-
Во следните денови постепено зголемување на температурата
-
Затворен сообраќајот кај Страцин