Митко Јанчев: Можно е Ламбе Алабаковски да настапи на „Тиквешки гроздобер“
Митко Јанчев, градоначалникот на Кавадарци најави дека е можно пејачот Ламбе Алабаковски да настапи на манифестацијата „Тиквешки гроздобер“ заедно со останатите узведувачи кои допрва треба да бидат поканети.
Ваквоито размислување на кавадаречкиот градоначалник следува откако бил откажан настапот на Јелена Карлеуша по негативните реакции на граѓаните.
- Деновиве сме во размислување кој пејач да дојде на нејзиниот место, бидејќи, сепак, концертот беше планиран за главната вечер. Можно е да е некој од балканот, а множно е и да настапи некој од Македонија. Можно е да биде Ламбе, Каролина и Калипои, размислуваме за нив. Но, засега ништо не се знае. Деновиве има време да се одлучи, па најверојатно во понеделник би се знаело, рече Јанчев за ММС.
Алабаковски повеќе не е во домашен притвор и одземен му е само пасошот откако го запали влезот на културниот клуб „Иван Михајлов“ во Битола.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Македонија не е мизерна и нема да пропадне ако не влезе во ЕУ, кажа хрватскиот претседател Милановиќ
-
Тема на денот со Татјана Стојаноска Иванова, професорка на Институтот за социологија
-
Милановиќ: Повеќе нема да жалам некого затоа што не може да влезе во ЕУ
-
Пет активни пожари во Македонија
-
Власта и опозицијата со меѓусебни обвинувања за пожарите
-
4 куќи гореа во пожарот во Злокуќани, повредено малолетно дете и двајца пожарникари
-
Како се менуваше насилниот криминал во Македонија изминативе 15 години?