Македонија
6. October 2025 - 21:15
Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Македонски Брод
Сите градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ го поминаа својот мандат без ниту еден скандал, порача вечерва Мицкоски на митингот во Македонски Брод.
Дополни дека има нула толеранција кон корупцијата, а најави и чистење на институциите од корумпирани лица.
Кандидатот за градоначалник на Македонски Брод на ВМРО-ДПМНЕ, Жарко Ристевски најави реконструкција на сите земјени патишта во руралните места, здрав оброк за секое дете, како и стипендии за средношколците.
-->
-->
