Фудбал
6. July 2016 - 14:12

Митевски: Да постигнеме први гол против Вадуц

Фудбалерите на Силекс се пред тешка задача да постигнат победа од 2-0 против Вадуц  со што би  ја анулирале предноста на противникот од 3-1 од првата средба.  Кратовскиот тим е домаќин на Националната Арена Филип Втори а средбата се игра со почеток од 20 часот.  
По тој повод прес конференција на ФК Силекс пред утрешниот меч: 
- Вадуц е фаворит и на втората средба иако победата од 3-1 ја оствари со повеќе среќа отколку според прикажаното на теренот. Ние примивме два гола во судиското надополнување во првиот и вториот дел. 
Утре не чека тежок меч на кој наша основна задача е да не примиме први гол. За да минеме во второто коло од Лига Европа потребни ни се два гола најмалку за да поминеме во второто коло. 
Знаеме со кого играме. Сега факторот изненадување не е во наша корист бидејќи сега Вадуц знае со кого игра. Ние имавме добри информации и анализи за нивната игра за разлика од нив кои беа изненадени од нашиот настап. Сега слушам во нивните изјави се попретпазливи и сметаат дека имаат сериозен противник – изјави првиот стратег на ФК Силекс Момчило Митевски. 
Тренерот на екипата Митевски најави промени во тимот поради желбата да се игра поофанзивно но и поради заморот во екипата: 
- На оваа средба ние нема што да изгубиме. Да дадеме максимум знаејќи ги квалитетите на Вадуц се обидовме да ги запреме каде што се најсилни, а тоа е нивниот среден ред. Ние не им дозволивме да не пробие централно. Овојпат ние ќе мораме да играме поофанзивно и да се обидеме први да постигнеме гол. Ако поведеме со 1-0 Вадуц ќе биде во неизвесност дали да се брани и нападне.  По тоа и ние ќе се координираме. Може да се случи противникот прв да не нападне  или да се  определи за контранапади. Вадуц има силни полуконтри- претпазлив е Митевски. 
Капитенот на екипата Марјан Мицков  очекува подобра игра за нијанса од средбата во Вацуц
Ние како играчи имаме голем мотив и со нетрпение го очекуваме утрешниот дуел.  Знаеме со кого играме, одлични индивидуалци, екипа со добра одбрана но по онаа средба во Вадуц нашите мотиви се поголеми. Се надеваме дека ќе играме повеќе среќа и за нијанса ќе бидеме подобри од првиот меч и ќе знаеме што ќе се случи дури утревечер во 22 или 23 часот. 
Судиите за натпреварот се од Р. Ирска на чело со  Пол Меклафлин.