Македонија
30. March 2023 - 11:23

Митева: Во Македонија со ДУИ и СДС најскапо е косењето трева

Јавното претпријатие за државни патишта под власт на ДУИ и СДС плаќа најскапо косење на трева во регионот. Ова јавно претпријатие за договор за косење на трева на македонските патишта одвојува 2 милиони евра, а цените по кои ги тарифира поединечните услуги се неколкукратно поскапи од тие во регионот.

За потребите на оваа прес конференција направивме споредба на договор за одржување на патишта и косење на трева во соседна Србија. Цената која ја плаќа Јавното претпријатие за државни патишта за косење на м2 тревна површина според овој договор е 12 денари. Цената пак која за м2 ја плаќа српското претпријатие за патишта е еквивалент на 2 и пол денари, додека пак косење на трева на површини со тежок пристап, околу патни знаци и околу заштитна ограда е еквивалент на 5 денари. Кога ќе се извади средната вредност се доаѓа до цена на нешто под 4 денари за м2, односно 3 пати помалку во однос на тоа што го плаќа Јавното претпријатие за државни патишта.

Почитувани, прашуваме на што се должи 3 пати повисоката цена која ја плаќа Јавното претпријатие за државни патишта во Македонија во однос на цената која се плаќа во Србија за косење на м2 тревна површина покрај патот?

Како може за една услуга во Македонија нашите претпријатија да плаќаат три пати повеќе од тоа што плаќаат исти такви претпријатија во регионот? Воедно, во Македонија оваа власт на ДУИ и СДС плаќа дупло за една иста работа, на активен договор за реализирање на оваа работа од страна на една институција тоа е „Македонија пат“, друга државна институција Јавното претпријатие за државни патишта склучува нов договор со друга фирма вреден 2 милиони евра.

Одговорот на овие прашања треба да биде предмет на истрага, која ЈО мора да ја отвори, а не да чека со денови ВМРО-ДПМНЕ и јавноста да алармираат.

Неконтролираното трошење на народни пари преку тендери со преплаќање на услугите е првиот знак за корупција, и оттука очекуваме реакција и од ДКСК, но и од сите други институции кои имаат надлежност.

Одговорност мора да има!

 

 

Марија Митева,портпарол на ВМРО-ДПМНЕ

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ