Митева: Шилегов има обврска да се извини и да ги побара назад парите кои ги дал на организацијата
После настаните во првиот скопски извиднички одред можеме да заклучиме дека Шилегов или не знае што финансира или свесно ги финансира проектите со контроверзна содржина.
Се согласувам со Шилегов дека сепак, децата се најважни! Но грижата сега е наша, а одговорноста негова! Средношколци, малолетни деца биле поттикнувани и присилувани да изведуваат активности, кои за нив биле непријатни, неприфатливи и за некои деца и шокантни.
Откако скандалот на злоупотреба и манипулација на децата се обелодени тогаш Шилегов веднаш недвосмислено се огради. Со тоа даде директно признание дека одговорноста е негова.
Безобразно ја манипулираат јавноста и тврдат дека не знаат за вакво нешто и немаат никаква врска со настанот.
Документите кои ги објавувме вчера го покажаа токму спротивното. Град Скопје знаел за проектот, го одобрил и финансирал. Ова се тие документите кои го докажуваат тоа.
Шилегов треба да одговори кој ја контролира работата и кој ги одобрува програмите на вакви кампови?
Бараме од Шилегов две работи, прво да ги побара парите кои ги доделил на организацијата, и второ но не помалку важно да се извини на јавноста, да се извини на загрижените родители и да се извини на учесниците.
Дали Министерството за труд и социјална политика, или Министерството за образование и наука знаат што се случува?
Свесни сме дека одговори од оваа влада нема никогаш да добиеме, но со сигурност можеме да констатираме дека ако знаеле ВИНОВНИ СЕ, ако не знаеле ВИНОВНИ СЕ!
Почитувани граѓани, можеме да смениме.
Промената е во наши раце.
Да одбереме нова иднина различна од оваа која до сега ни се нуди.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
Ново на Сител
-
Приведен крадец во тетовско
-
АХВ нареди нови мерки на ЈКП„ Комуналец“ од Струмица
-
Пронајдени над 50 килограми марихуана во Демирхисарско, приведено едно лице
-
Црвениот крст на РСМ ги повикува македонските граѓани да донираат средства за настраданите во БиХ
-
Нормализиран сообраќајот на патот Струмица - Валандово
-
Премиерот Мицкоски ќе присуствува на официјалното отпочнување на надградба и реконструкција на граничниот премин Деве Баир
-
Утре литургија во соборниот храм ,,Св. Климент Охридски” по повод 25 годишнината од востоличувањето на г.г. Стефан
-
Најмногу дожд наврнат во Пожаране и Лазарополе