-->
-->
Мистериозно суштество сее страв - Човек-коза кружи низ светот!
-->

Човек коза се наоѓа во популарната култура уште од 1957 година и за прв пат е забележан во Мериленд. Ова хибридно суштество е пола човек - пола коза, но како и сите видувања на паранормални активности, информациите се нејасни и тешко е да се потврди нивната автентичност.
Легендата во Америка вели дека ова чудовиште живее во мрак, на неколку милји од домовите на луѓето. Оди на две или четири нозе во зависност од околностите, додека други велат дека има рогови и крзно, нешто што наликува на суштество од грчката митологија.
Додека едните сметаат дека е само шега и заплашување, други веруваат дека оваа појава е сериозна.
Човек кој ги брка духовите, Натан Кауч напишал книга со наслов: „ Човек коза - Вистина или легенда?“
Тој „копал“ длабоко во историјата на човекот коза кој плаши голем број луѓе повеќе од 60 години.
Легендата вели дека може многу лесно да распарчи човек, а со оглед на тоа дека патува од држава во држава, се верува дека неговата брзина е голема.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трамп наредил напади врз Внецуела
-

Димовски: Уставните измени се последната отстапка што Македонија може да ја направи, но само ако добие гаранција од ЕУ
-

Експлозии во Каракас, забележани и авиони во низок лет - Мадуро прогласи вонредна состојба
-

Најстудено во Струмица, најмногу дожд во Лазарополе
-

Четири лица загинаа во хеликоптерска несреќа во Аризона
-

Идентификувани 113 повредени во пожарот во Кран-Монтана, меѓу нив и од Србија и БиХ
-

Променливо облачно со локални врнежи од дожд и снег на планините
-

Три сообраќајки на автопатот Тетово – Гостивар
