Свет
22. October 2018 - 12:08

Мистерија на закопаниот сеф на убиецот од Крим: Владислав пред масакрот ги запали своите работи, па отиде на тајна локација

Владислав Росљаков, кој на 17. октомври изврши напад во училиште во Крим, пред нападот ги запалил своите лични работи и закопал сеф.

Пред извршување на злосторството Росљаков ги запалил своите работи на теренот на кој вежбал пукање. Меѓу запалените работи се наоѓале и неговите фотографии, тетратки, мемориски картички, како и верска литература.

На видео снимката која ја поседува телевизијата, се гледа како напаѓачот носи сеф на напуштено место и кој подоцна, според податоците на телевизијата, Росљаков го закопал.

 

 

Во овој момент не е познато што точно се наоѓало во сефот, но се верува дека неговата содржина може да даде претстава за мотивите на убиецот и причините за трагедијата, тврди телевизијата.

Во средата на 17. октомври ученикот од четврта година Владислав Росљаков пукал и активирал бомба во Политехничкото улилиште во Керч. Во нападот загинаа 21 лице - 16 студенти и петмина вработени.

Напаѓачот изврши самоубиство во училишната библиотека.