Мистер Бин станува инспектор Мегре
Британскиот комичар Роуан Аткинсон ќе го игра инспектор Мегре во два телевизиски филма што ќе бидат прикажани на британската телевизија во текот на 2016 година, информира неделава Би-Би-Си.
Станува збор за две 120-минутни остварувања, чие снимање почна минатиот септември.
Светски познат како Мистер Бин и Црна гуја, Аткинсон улогата на славниот париски детектив, настанат од перото на белгискиот писател Жорж Сименон, ќе глуми во филмовите „Maigret Sets A Trap“ и „Maigret˝s Dead Man“, во продукција на британската телевизија ITV.
Телевизиската адаптација ја потпишува Стјуарт Харкур, познат по серијата „Мис Марпл“.
Дејствието на двете остварувања е сместено во Париз во 1950-тите години.
Сименон (1903-1989) напиша 75 романи со инспекторот Мегре кои се продадени во повеќе од 800 милиони примероци во светот и често пати во многу земји беа адаптирани за филм и телевизија.
Најпознат во улогата на инспектор Жил Мегре беше славниот француски актер Жан Габен.
Ново на Сител
-
Првични резултати од прегласувањето на парламентарните избори
-
Ковачевски поднесе оставка од функцијата претседател на СДСМ
-
ЦУК: Поплавени дворови и подрумски простории во Драчево
-
Авион принудно слета на аеродромот во Тирана, патник се обидел да се самоубие
-
ДСЗИ изврши надзор на Токсикологија, склучените договори за работа се со потпис на еден директор
-
ДИК: Излезноста до 13 часот е 25,48 проценти, поголема во однос на 8 мај
-
Умерен земјотрес во Романија
-
Говор на омрза врз срцето со македонско знаме и букви на натписот Гостивар