Мислеше на сите: Еве зошто Маринко криеше од семејството дека е тешко болен
Актерот Маринко Маџгаљ храбро се бореше против тешката болест - рак на панкреас, но за жал за изгуби битката во 37. година од животот. Маринко се обидувал веста за својата болест да ја сокрие од повеќе причини.
Кога се разболе неговата состојба ја потресе цела Србија, но во најтешките моменти актерот беше толку силен и сакал веста за својата болест да ја скрие од своето семејство, поранешната сопруга Дубравка и ќерката Сара.
Членовите од семејството, пријателите и колегите со цело срце беа покрај Маринко и се трудеа да му ја олеснат борбата против опасната болест.
Маџгаљ се трудел да ја сокрие својата болест зошто не сакал луѓето да го сожалуваат. Кога дознал од што боледува им рекол на сите во болницата информацијата за операцијата да не ја јавуваат на семејството за да не им го расипе одморот.
Имено, во моментот на операцијата поранешната сопруга на Маринко, Дубравка и нивната ќерка биле на море, и актерот сакал да ги почека да се вратат во Белград за да им ја соопшти лошата вест, вели за медиумите соговорник кој со него лежел во болница.
Пријателите и колегите со неверување ја примија веста за смртта на Маринко Маџгаљ. Како што вели колешката на Маринко, Дара Џокиќ, Атеље 212 е повторно завиено во црно.
Погребот ќе се одржи во вторник на 29 март на Новите бежаниски гробишта во Белград. Опелото почнува во 14:30.
Ново на Сител
-
Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија
-
Осуденик од затворот во Идризово ноќеска починал на Комплекс клиники „Мајка Тереза“
-
Тони Крос стави крај на кариерата
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници