-->
-->
Мислела дека ќе биде како и секој обичен ден, но се случил пекол - драма во Велес
-->
Велешанка доживеа вистински пекол на работното место. Според информациите на МВР, вчера околу 22,35 часот во Велес, на ул.„Благој Ѓорев“ во трафика „Леди Ди Трејд“, сопственост на В.А. две непознати лица извршиле разбојништво над вработената Т.П.(51) од Велес. Имено, лицата влегле во трафиката и се заканиле на вработената, при што едното лице со едната рака и ја затнал устата а со другата рака неколку пати ја удрил во пределот на лицето и телото, додека другото лице ги пребарувало фиоките од пултот, но откако виделе дека нема пари во фиоките, истите излегле од трафиката и се упатиле во непознат правец. Увид на лице место извршила увидна екипа на СВР-Велес.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и целосно расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СВР Скопје расчисти убиство во обид, поднесена е кривична пријава против едно лице
-
Министерката за образование и наука го честита Меѓународниот ден на студентите
-
Гостиварец физички ја нападнал сопругата, следува соодветен поднесок
-
Герасимовски: Повторен вандализам во Капиштец, обиен багер
-
Израел ги обнови нападите врз Бејрут, погодени станбени области
-
Опожарено возило во Штип
-
Снимка од дворот на Раде Штекли, ова е моментот кога експлодирала бомбата | ВИДЕО
-
УЕФА отвори дисциплинска постапка против репрезентациите на Романија и Косово