Мисијата на НАСА за контролирано слетување на Месечината се соочува со технички проблеми
Компанијата „Астроботик“ со седиште во Питсбург, Пенсилванија, САД, што стои зад новата американска мисија за меко слетување на Месечината, се бори да го спаси својот проект.
Имено, оттаму соопштија дека вселенското летало „Перегрин“ има проблем со погонскиот систем и губи големо количество енергија. Овој проблем веќе му попречува на леталото при насочувањето на сончевите панели кон Сонцето заради генерирање електрична енергија, а може да значи и спречување на планираното слетување на површината на Месечината наредниве неколку години. Првичната цел на компанијата беше успешно завршување на првата американска мисија по 50 години, што би вклучувало контролирано слетување на Месечината, но и да стане првата приватна компанија што ќе ја постигне таа цел.
„Тимот работи на стабилизирање на загубата (на енергијата, з.п.), но имајќи ја предвид состојбата, приоритетот сега ни е максималното собирање научни податоци. Во мигов ги проценуваме можностите на мисијата што се изводливи“, соопшти „Астроботик“.
Американската Национална воздушно-вселенска администрација - НАСА изнајми дел од капацитетот на приземјувачот на приватната компанија за своите инструменти наменети за проучување на површината на Месечината.
Проблемите со „Перегрин“ се појавија набргу по воспоставувањето комуникација со контролорите на Земјата, односно по одвојувањето од ракетата „Вулкан“. Инженерите забележале дека вселенското летало се бори да ја одржи стабилноста и оти неговите сончеви ќелии не добиваат константна количина светлина за полнење на батериите. Затоа, нивото на енергија е веќе многу ниско.
Инженерите ја открија причината за проблемот со погонскиот систем, а тоа го потврдија и снимките каде што се гледаат оштетените слоеви изолација. Иако успеваат да го пренасочат леталото кон Сонцето, и батериите се полнат, за „Перегрин“ засега тоа не е доволно.
Ново на Сител
-
Романската Агенција за телекомуникации бара суспензија на „Тикток“ поради изборите
-
Во Собранието пратенички прашања
-
Претседателката Сиљановска Давкова во официјална посета на Црна Гора
-
Украинските власти соопштија за голем руски напад врз нејзината енергетска инфраструктура
-
Истражување: Загадувањето на воздухот од пожари е поврзано со 1,5 милиони смртни случаи годишно
-
ЕУ подготвува нов пакет санкции против Русија поради Украина
-
Состојба на патиштата
-
АД ЕСМ денеска треба да достави понуда на тендерот на ЕВН Хоум